subota, 10. rujna 2011.

МОЕТО ПРВО УЧИЛИШТЕ


Време минато:

Пожаране,  01 септември 1970 година.

Звоното штотуку го означи почетокот на новата учебна година во новото селско училиште во село Пожаране. Сместено во срцето на ова село, новоизграденото од темел селско училиште бликаше со целиот свој сјај. Нова училишна зграда, со неколку пространи училници, нови дрвени клупи поставени во четири реда , со  две  огромни табли. По зидовите од училниците, поставени во низи нагледни стрества за природата, човекот, околината што не опкружува, за бројките и буквите.
Во тесниот и долг ходник, веднаш до  наставничката канцеларија дрвена маса на која оддалеку можеше лесно да се забележат училишниот: глобус, лејнир, агломер и шестар, како и тешкото метално звоно со кое се означуваше почетокот и крајот на секој училишен час и ден.
Влезот во училиштето го красеа две огромни дрвени врати, пред кои се издигаа пространи бетонски степеници , над нив огромна табла со натпис „Основно училиште „ЧЕДЕ ФИЛИПОСКИ“ с.Врапчиште – Подрачно училиште с.Пожаране“,  а веднаш до степеништето простран училишен двор. На самиот влез во дворот дрвена капија, над која од двете страни се  издигнуваа високи борови, а од источната страна на училиштето овошна градина со повеќе стебла од јаболкници, круши, сливи, ореви-дело на самите ученици.

 За нас учениците, секој нов училишен ден беше нова радост , искушение и отворен пат кон нешто ново и  дотогаш непознато. Тука научив да читам и пишувам, сметам и ја осознавам вистината за настанокот и постоењето  на човекот и околуната што не опкружува,за доброто, вредното и убавото, сето тоа благодарение на тогашниот селски учител Милан Ефтоски и школскиот служител Чеде-жител од селото..
Ученици во учебната 1970 година
Време сегашно:
  Пожаране,  01 септември 2011 година
Истото селско училиште, денес целосно напуштено и руинирано. Само натписната табла која и понатака стои  над влезната врата од објектот, како и по некој испишан лист од хартија во училниците и ходникот, сведочат за постоењето на ова училиште и некогашната училишна настава која се изведувала во него.
Делумно опустошен и срушен дрвен патос и таван по училниците , со искршени прозорци и врати и училишен двор целосно обвиен со висока трева и коров, е одлика на сегашната состојба на ова училиште.
Надворешен поглед кон објектот
Внатрешен поглед

Натписната табла како нем сведок за постоењето на ова училиште

Главниот влез  во училиштето
Оставено на безгрижа и немилост, ова училиште полека но сигурно чекори по патот на неговиот заборав, но не и од мислите и сеќавањата   на сите оние ученици кои се школуваа во ова училиште,  меѓу кои припаѓам  и јас - авторот на овој текст,  бидејќи тоа  беше и засекогаш ќе остане  МОЕТО ПРВО УЧИЛИШТЕ..

_____________________________                                                         
Боге Војноски- автор на текстот

Преостанати блогови за село Пожаране:

http://pozaranskiterodovi.blogspot.com/
http://pozaranskicinar.blogspot.com/
http://pozarane.blogspot.com/
http://buckovci.blogspot.com/
http://pozaranskitevodopadi.blogspot.com/
http://pozaranevodenica.blogspot.com/
http://pozaranesokolec.blogspot.com/
http://pozaraneuciliste.blogspot.com/
http://pozaranskiprosvetiteli.blogspot.com/
http://dragevojnoski.blogspot.com/
http://pozaraneselo.blogspot.com/
http://pozaranedrama.blogspot.com/
http://pozaraneprikazna.blogspot.com/
http://pozaranezadruga.blogspot.com/
http://pozaranefudbal.blogspot.com/
http://pozaranelaga.blogspot.com/
http://pozaranepolitika.blogspot.com/
http://pozaranesvadba.blogspot.com/
http://pozaranepesna.blogspot.com/
http://pozaranefudbal.blogspot.com/
http://pozaranevodovod.blogspot.com/